Жестока расправија во жирито поради гласовите за кандидатите, а продукцијата остана на својата одлука
Вистински хаос настана во студиото на „Ѕвездите на Гранд“ поради несогласувања меѓу членовите на жирито околу пласманот на кандидатите, а најгласно незадоволство изрази Снежана Ѓуришиќ. Ситуацијата ескалираше кога пејачката јавно ѝ се обрати на продукцијата, барајќи решение кое, според неа, би било поправедно.
Сè започна во мирна атмосфера, со пофалби и насмевки, кога Светлана Цеца Ражнатовиќ ѝ упати комплименти на Дара Бубамара. Но, идиличниот момент брзо беше заменет со тензии, откако дел од жирито сметаше дека двете кандидатки заслужуваат да продолжат понатаму во натпреварот.
Поврзани објави
Незадоволството кулминираше кога Ѓуришиќ директно ја праша продукцијата дали може да се најде решение за настанатата ситуација. Одговорот на директорот на Гранд, Горан Шљивиќ, беше краток и јасен – одлуката не може да се промени, бидејќи Цеца гласала за двете кандидатки. Тој став дополнително ги разлути членовите на жирито, а Ражнатовиќ истакна дека била ставена во незавидна позиција.
Со неа се согласи и Ѓуришиќ, која отворено порача дека одлуката не е фер. Напнатата атмосфера сепак успеа да ја разбиe Драган Којиќ Кеба, кој излезе на сцената, заигра со својот кандидат и предизвика смеа и аплауз, смирувајќи ги и жирито и публиката во студиото.
zvezde granda printskrin youtube