Почетна ЕкономијаТрамп бара отштета од Харвард вредна милијарда долари: Ова е крај на нашата соработка

Трамп бара отштета од Харвард вредна милијарда долари: Ова е крај на нашата соработка

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера доцна навечер објави дека неговата администрација бара финансиска надомест од милијарда долари од Универзитетот Харвард.

„Сега бараме милијарда долари компензација и во иднина не сакаме да имаме ништо веќе со Универзитетот Харвард“, истакна тој во порака на платформата Truth Social, без да наведува конкретна штета која произлегла од Универзитетот.

Во декември, администрацијата на Трамп поднесе жалба против судска одлука со која беше утврдено дека незаконски ги запрела фондовите вредни над две милијарди долари доделени на Харвард, и дека нема право да ги прекине идните финансирања за истражувања на тој угледен универзитет.

Харвард е во фокусот на пошироката стратегија на администрацијата за употреба на федерални средства со цел да ги присили американските високообразовни институции на промени, за кои Трамп тврди дека се обликувани од антисемитизам и „радикално левичарски“ убедувања.

Претходно, минатата година, Трамп изјави дека неговата администрација е на прагот на постигнување договор со Харвард, кој би вклучувал исплата од 500 милиони долари од страна на универзитетот, по повеќемесечни преговори за политиките на образовната институција.