Почетна Убавина и здравјеВистински домашен свински гулаш – едноставен, а неодолив – Убавина и здравје

Вистински домашен свински гулаш – едноставен, а неодолив – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Едноставни состојки и малку трпение е сè што ви треба за ручек што ги грее и телото и душата

Свинскиот гулаш е едно од оние јадења што се готви полека и трпеливо, додека во кујната се шират мириси на кромид, пиперка и месо. Едноставни состојки, тивок оган и малку време е сè што ви треба за да добиете густ, богат сос и месо што се топи в уста. Ова е класично домашно јадење на лажица во кое несомнено ќе уживаат сите домашни.

Состојки:
  • 800 г-1 кг свинско месо (бут или врат)
  • 4-5 главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2-3 лажици свинска маст
  • 2 лажици сладок мелен црвен пипер
  • 1 лавров лист
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • 200 мл доматен сок или 1-2 лажици доматно пире
  • вода или бујон (по потреба)
  • 1 лажиче брашно (опционо, за погуст сос)
Приготвување:

Во подлабоко тенџере загрејте свинска маст на умерена температура. Додајте ситно сечкан кромид и динстајте го полека, со повремено мешање, додека омекне и стане стаклест. Кромидот е основата на добриот гулаш, па затоа посветете му доволно време.

Поврзани објави

Додајте месо исечкано на средни коцки, посолете и забиберите. Пржете додека месото добие убава златно-кафена боја од сите страни и пушти од сопствениот сок.

Тргнете го тенџерето кратко од оган, додајте црвен пипер и брзо промешајте за да не ви загори пиперот. Вратете го на рингла, додајте ситно сечкан лук, лавров лист и доматен сок.

Сипете вода или бујон колку да се потопи месото. Намалете ја температурата, поклопете и гответе на тивок оган 1,5 до 2 часа, со повремено мешање и долевање течност по потреба.

Пред крајот на готвењето, ако сакате погуст сос, разматете лажиче брашно во малку ладна вода и додајте го во гулашот. Гответе уште неколку минути додека се згусне сосот и вкусовите се поврзат.

Свинскиот гулаш најдобро оди со пире од компири, варени тестенини, палента или домашен леб. За побогат вкус, во кромидот може да додадете ситно сечкан морков, а љубителите на луто може да додадат и малку луто пиперче.