Хитот крие лична приказна за љубов, болка и непризнаено дете.
Малкумина знаат дека песната „Godinama“, која Ана Бекута ја сними во 1999 година, е посветена на пејачот Драган Којиќ Кеба. Текстот го напишала Љиљана Јевремовиќ, поранешна партнерка на Кеба, со која има вонбрачно дете.
Љиљана ја напишала песната додека била бремена, во период кога Кеба се повлекол од нивната врска. Во текстот на песната се споменува и неговото име, што ја прави приказната уште поемотивна.
Кеба никогаш не ја признал ќерката Ина, која сега има 26 години. Таа не се појавува во јавноста и води повлечен живот, далеку од медиумите.
Оваа емотивна приказна ја открива длабоката болка и нереализираната љубов зад еден од најголемите хитови на Ана Бекута. Песната „Godinama“ добива ново значење кога се знае вистинската приказна зад неа.
printskrin Youtube-blic