Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување на една конечна одлука и девет нацрт-решенија.
На дневен ред се оспорени одредби од Законот за општата управна постапка, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за судовите, Законот за судскиот буџет, Законот за облигационите односи, како и повеќе правилници и колективни договори.
Судот ќе расправа и за иницијативи што се однесуваат на Законот за железничкиот систем, Законот за јавна чистота, како и за одлука за донесување Детален урбанистички план во Општина Охрид.
Пред уставните судии ќе се најде и предметот по барање за заштита на слободите и правата на граѓаните согласно член 110 алинеја 3 од Уставот, поднесен од политичката партија „Левица“, која наведува дискриминација по основ на политичка припадност.
Подносители на иницијативите се физички лица, адвокати, правни субјекти и политички партии.