Пејачката Мина Костиќ неодамна го изговори судбоносното „да“ на својот партнер Манe Ќурувија, познат како Каспер, а романтичната запросување се случи јавно – во телевизиско студио. Каспер клекна пред неа и ѝ подари дијамантски свршенички прстен, гест кој веднаш го привлече вниманието на јавноста.
Откако Мина на социјалните мрежи објави фотографија од прстенот, следеше лавина реакции, а најмногу коментари предизвика неговата цена. Според достапните информации, станува збор за накит изработен од бело злато, чија вредност се движи од околу 369.000 до 468.800 динари, во зависност од бројот и големината на дијамантите (карати).
Објавата веднаш поттикна шпекулации дека парот тајно се венчал, но Мина брзо ги демантираше тие наводи.
Поврзани објави
„Не, тоа е свршенички прстен. Боже, такво нешто не би криела“, изјави таа, додавајќи дека јавноста навреме ќе биде информирана кога навистина ќе дојде до венчавка.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/minakostic_official/?hl=en