Со оглед на тоа дека самото породување е посебно комплициран дел од животот, кој во многу аспекти го менува женското тело, сексот во постпородилниот период добива поинакво значење.
Голем број новопечени мајки, неколку недели по породувањето можеби не чувствуваат сексуална желба и го избегнуваат водењето љубов. На телото му треба одмор и време за да влезе во рамнотежа по толку големи промени и напори при бременоста и породувањето.
Добро е да се почека првиот гинеколошки преглед по породувањето и доколку сeе во ред и немате болки, можете да се препуштите на сексуалното уживање.
Постпородилната состојба е мошне чувствителна кај младата мајка и обично се менува. Може да се појави нервоза или анксиозност поврзана со повторен почеток на вашиот сексуален живот. Поради физичките и психичките промени се случува сексот на скалата за приоритети да опадне, а општиот замор дополнително ве одвраќа од половиот однос. За некои млади мајки, сексот по породувањето може да биде голем чекор, особено за тие што се соочени со обилен вагинален исцедок, замор, шевови на пределот на перинеумот (мускулен дел меѓу вагината и анусот), дури и постпородилна депресија.
Продолжува на следната страна