Крем-чорбата од печурки, приготвена според рецептот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, е едноставно, а исклучително вкусно јадење што можете да го приготвите во секој дел од неделата. Таа е идеален избор за сите што сакаат домашна храна, а немаат многу време за готвење.
Оваа чорба е доказ дека од неколку основни и лесно достапни состојки може да се добие богат, кремаст и ароматичен оброк што истовремено заситува и пријатно го загрева организмот.
Иако Цеца често истакнува дека готвењето не ѝ е омилена активност, кога ќе застане во кујна, тоа го прави со мера и вкус. Поради динамичниот начин на живот и бројните обврски, таа преферира рецепти што се брзи, практични и хранливи. Посебно место во нејзиното мени имаат јадењата „на лажица“, меѓу кои крем-чорбите се нејзин чест избор.
Потребни состојки
Поврзани објави
-
300–400 грама шампињони
-
2 помали моркови
-
Мало парче корен од целер
-
Половина стебленце праз
-
1 мала главица кромид
-
1 ловоров лист
-
Сол и бибер по вкус
-
Мирудии (по желба)
-
2 децилитри кисела павлака
-
2 лажици брашно или густин (по желба, за згуснување)
-
Свеж магдонос за сервирање
-
Рендан пармезан (по желба)
Начин на приготвување
-
Шампионите исчистете ги, исечкајте ги и кратко сварете ги во вода. Кога ќе омекнат, извадете ги со решеткаста лажица и оставете ги настрана.
-
Во водата во која се вареле печурките додајте ги морковите, коренот од целер, празот, кромидот, ловоровиот лист, солта, биберот и мироѓијата. Варете додека зеленчукот целосно не омекне и не ја ослободи аромата.
-
Доколку сакате погуста текстура, во мала чаша измешајте го брашното или густинот со малку ладна вода, па со постојано мешање додајте ја смесата во чорбата.
-
Потоа додајте ја киселата павлака и со рачен блендер изблендирајте ја чорбата додека добиете мазна и кремаста структура. По желба, можете дел од печурките да ги оставите во поголеми парчиња за побогат вкус.
-
Пред сервирање, посипете со свежо сечкан магдонос и рендан пармезан и послужете ја чорбата топла.
Фото: Pexels/Nguyen Huy