Почетна Убавина и здравјеКоментарите на социјалните мрежи се сурови – Убавина и здравје

Коментарите на социјалните мрежи се сурови – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Окото на Емануел Макрон е црвено, отечено и раскрвавено во белката, а причината била соопштена дополнително

Во моментот кога Емануел Макрон се појавил во Давос со очила за сонце, на социјалните мрежи почнале да се шират разни шпекулации.

„Освен ако Макрон нема здравствен проблем, како катаракта или нешто што изискува да носи очила за сонце на сцената, ова е врвот на францускиот кретенизам“, напишал еден корисник на социјалните мрежи, додека многумина шпекулирале дека добил „ќотек“ од жена му.

Приказната дека Брижит Макрон го тепа својот сопруг беше тема број еден минатата година по посетата на претседателската двојка на Кина. Во таа пригода, камерата улови специфичен момент пред самото излегување на Емануел и Брижит Макрон од авионот, и во тој момент се виде како Брижит замавнува и му удира шлаканица на својот сопруг.

По тој инцидент за кој се пишуваше со денови, ова појавување на Емануел со очила за сонце на сите им беше повод да започнат со шпекулации дека и овој пат настрадал од жена му.

Самиот Макрон им се извинил на присутните што носи очила за сонце, откривајќи им дека има проблем со очите, но дека не е ништо заразно.

Што навистина му се случило на Макрон?

Поврзани објави

Сепак, во еден момент Макрон ги извадил очилата и сите можеле да видат дека неговото десно око е видно отечено и црвено. Подоцна било објаснето дека му пукнал капилар во окото, па затоа морал да носи очила, за да го заштити окото од силна светлина.

Што се случува кога ќе пукне капилар во окото?

Кога ситниот крвен сад (капилар) ќе пукне под проѕирната обвивка на окото (конјунктив), тогаш се разлева крв по белката. Затоа, се појавува интензивно црвена или темноцрвена дамка на окото, каква што има Макрон.

Причината за пукање капилар во окото може да биде ненадеен раст на притисокот, триење на очите, надворешна повреда на окото, дијабетес, лекови за разредување на крвта, голем стрес или замор.

Овој здравствен проблем трае од 7 до 14 дена и обично поминува сам од себе, а лицето кому му се случило ова, може само редовно да става капки в очи (вештачки солзи) за да не биде окото суво.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм / emmanuelmacron