Почетна ЕкономијаМинистерот Муцунски ги продолжува посетите со бизнис секторот, денеска оствари средба со Стопанската комора

Министерот Муцунски ги продолжува посетите со бизнис секторот, денеска оствари средба со Стопанската комора

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.

На средбата биле разгледани иницијативите и конкретните форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организацијата на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.

Муцунски нагласил дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.

Министерството за надворешни работи соопшти дека била потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговарало и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.

– Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување, соопшти Министерството за надворешни работи.

На средбата биле разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора. бак/са/

Фото: МНРнТ