Почетна ЕкономијаСрбија: Прешево ќе се прошири, ќе има 23 ленти

Србија: Прешево ќе се прошири, ќе има 23 ленти

од nenad
1 минути читај за

Пропусниот капацитет на граничниот премин Прешево кон Северна Македонија, еден од најфреквентните гранични премини во Србија, во иднина би можел значително да се зголеми, со што ќе се редуцираат и гужвите и времето на чекање.

Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, кој е даден на јавна анкета.

Експанзијата подразбира обнова и градење на патничко-царински и стоковно-царински терминал, како и сообраќајни решенија кои ќе го зголемат протокот на преминот. Клучната новина претставува зголемување на бројот на сообраќајни ленти – од постојните капацитети до дури 23 ленти.

Планот зафаќа површина од речиси 17 хектари, а според Агенцијата за просторно планирање и урбанизам, јавната анкета ќе трае до 30 јули. Во документот се планира проширување на граничниот премин, што, како што е наведено, е објективна потреба, особено во критични периоди како што се одморите и празниците.

Посебно внимание ќе се насочи кон товарниот сообраќај: гледано од правецот на Северна Македонија кон Србија, ќе се отворат четири ленти од десно исклучиво за товарни возила, кои ќе бидат физички одвоени од остатокот од сообраќајот. Планот предвидува поставување на таканаречените „мобилни огради“ – решенија кои овозможуваат флексибилно разграничување на насоките и привремено зголемување на капацитетот во согласност со моменталното оптоварување.

Освен сообраќајните зафати, се планира и дислокација на неколку објекти: главната зграда, објектот за преглед на патнички возила, тоалетите, поштата и телекомуникацискиот објект, што би го реорганизирало просторот и би го направило пофункционален за корисниците и вработените.

зш/ .

Извор: МИА