Почетна Убавина и здравјеДушко Тошиќ го затвори бизнисот, сакал да се испроба но сфатил дека не е за него! Ова се сите детали (ФОТО)

Душко Тошиќ го затвори бизнисот, сакал да се испроба но сфатил дека не е за него! Ова се сите детали (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Поранешниот фудбалер и екс сопруг на Јелена Карлеуша се повлекува од угостителството, ресторанот доби нов сопственик

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, поранешен сопруг на Јелена Карлеуша, донел одлука целосно да се повлече од угостителскиот бизнис. Иако во овој проект влезе без голема медиумска помпа, сега е јасно дека ресторанот кој го водеше повеќе не е во негова сопственост.

Според информации кои кружат во јавноста, Тошиќ заклучил дека угостителството не е област во која сака долгорочно да се пронајде. Бизнисот, како што се наведува, му одземал премногу време и внимание, а тој во меѓувреме инвестирал и во купување недвижнина, што дополнително му ги променило приоритетите.

На Инстаграм страницата на ресторанот неодамна беше објавено дека објектот има нов сопственик. Во пораката се истакнува дека со новото раководство доаѓа свежа енергија и нова визија, но дека ќе се задржи традицијата, врвната италијанска кујна и елегантниот амбиент. Дополнително, забележливо е дека Тошиќ повеќе не ја следи страницата на ресторанот, ниту пак тие го следат него.

Printscreen/Instagram

Инаку, уште во мај 2025 година се пишуваше дека тој планира повлекување од угостителството. Според изворите, Тошиќ сакал да се испроба во нова деловна сфера, но по осум месеци сфатил дека тоа не е негов пат. Негов фокус остануваат работата, децата и нови проекти, додека ресторанот продолжува да функционира без прекин под ново раководство.

printskrin youtube – telegraf rs – dusko tosic