Пејачката зборуваше за односот со ќерката, новата животна фаза и како се справува со нервозата
Пејачката Ивана Петерс, која со поранешниот сопруг ја има ќерката Сара, отворено проговори за својот семеен живот, промените низ кои минува и односот што го има со ќерката која неодамна стана полнолетна.
Таа откри дека Сара планира да ги продолжи студиите во странство, што за неа претставува почеток на нова животна етапа. Иако ѝ е тешко што ќе ја гледа поретко, Ивана вели дека целосно ја поддржува во сите одлуки и дека е среќна што нејзината ќерка го следи сопствениот пат.
Поврзани објави
Ќерката го наследила уметничкиот талент од мајка ѝ, но наместо музиката, се определила за сликарството. Пејачката истакнува дека меѓу нив постои искрен и пријателски однос и дека отсекогаш разговарале отворено, без табу теми.
Ивана откри и каква е кога е под стрес. Како што призна со насмевка, кога е нервозна знае да тресне врата и да пцуе, додавајќи дека тоа е човечки и дека дури и научно е докажано оти пцуењето може да ја намали болката и напнатоста.
printskrin youtube – blic – ivana peters