Песната „Insomnia“ за малку ќе била отфрлена, а подоцна стана регионален феномен
Пејачката Јелена Карлеуша се присети на создавањето на песната „Insomnia“, откривајќи дека во почетокот речиси никој не верувал во нејзиниот успех. Иако подоцна стана првата балканска песна со над еден милион прегледи на Јутјуб, реакциите на околината биле крајно негативни.
Текстот го напишала Марина Туцаковиќ, која, откако ја слушнала финалната верзија, остро ја критикувала песната и ѝ советувала на Карлеуша никако да не ја изведува во финалето на Велики брат. Ист став имала и мајката на пејачката, Дивна Карлеуша, која ѝ порачала дека сите ќе ѝ се смеат.
Поврзани објави
Скептични биле и танчерките од нејзиниот тим, кои одбивале да ја вежбаат кореографијата, убедени дека настапот ќе биде фијаско. Карлеуша признава дека во моментите пред излегувањето на сцена мислела дека тоа е крај на нејзината кариера.
Сепак, по првичната тишина, следела експлозија од воодушевување и силен аплауз од публиката. „Insomnia“ за кратко време стана најпопуларна песна во регионот, докажувајќи дека инстинктот на пејачката бил посилен од сите сомнежи.
Instagram prinscreen/karleusastar