Пејачката проговори и за естрадните шпекулации и односот со колегите
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека врската со својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан на самиот почеток ја криела од јавноста. Таа признанието го даде три децении подоцна, гостувајќи во емисија.
Говорејќи за естрадните теми, Цеца се осврна и на разводот на Харис Џиновиќ, како и на шпекулациите дека таа и нејзината кума Вики Миљковиќ се во ривалство поради различни музички натпревари. Таа категорично ги негираше тие наводи, истакнувајќи дека кумството и пријателството се недопирливи.
Токму во тој контекст откри и досега непознат детал – истата вечер кога Вики ја започнала врската со Ташке, таа се запознала со Аркан. Разликата била во тоа што својата љубов тогаш решила да ја задржи подалеку од очите на јавноста.
Поврзани објави
Пејачката се осврна и на односот меѓу Вики и Зорица Брунцлик, нагласувајќи дека и покрај повремените тензии, меѓу нив постои семејна и пријателска почит.
Да потсетиме, Цеца неодамна го покажа и вереничкиот прстен со кој Аркан ја запросил пред три децении.
printskrin youtube – Svetlana Ceca Raznatovic