Пејачката зборуваше за лојалноста, разочарувањата и луѓето кои ѝ свртеле грб
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри како реагирала на разводот на својот долгогодишен пријател Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина. Таа истакна дека никогаш не се меша во туѓи бракови и дека и на двајцата им посакува среќа, додавајќи дека сè уште верува во љубовта и бракот.
Гостувајќи во емисија, Цеца нагласи дека Харис е човек кој го почитува бракот како институција, но дека времињата се промениле и луѓето сè помалку се подготвени на компромис и жртва. И покрај разводот, таа останала доследна на пријателството.
Пејачката реагираше и на изјавите дека по разводот многумина му свртеле грб на Џиновиќ, истакнувајќи дека лојалноста е една од најважните вредности.
Поврзани објави
Знам кога стаорците го напуштаат бродот“, изјави таа, додавајќи дека низ животот научила точно да препознае кој е искрен, а кој лажен пријател.
Осврнувајќи се и на сопствените разочарувања, Цеца призна дека имало луѓе кои погрешно ги проценила, меѓу кои и покојниот Саша Видиќ. Сепак, нагласи дека никогаш јавно не ги навредувала, бидејќи секое пријателство, дури и кога ќе заврши, заслужува почит поради убавите моменти што ги носело.
printskrin youtube – pink – ceca