Водителката раскажа за траумата и интервенцијата на Итната помош
Водителката Сузана Манчиќ проговори за вознемирувачкиот инцидент кога непознато лице ѝ го запалило автомобилот пред зградата во која живее. Настанот се случил доцна навечер, а таа во тој момент не ни претпоставувала што се случува надвор.
На местото интервенирале пожарникари, кои првично посочиле дека можеби станува збор за дефект, иако автомобилот бил нов. Сепак, Манчиќ верува дека пожарот бил подметнат намерно и дека можеби станува збор за одмазда или предупредување.
Поврзани објави
Поради шокот, морала да интервенира Итната помош, бидејќи се онесвестила. Слушнала силни пукотници, кои подоцна сфатила дека биле од гумите што експлодирале од огнот.
Автомобилот бил паркиран под дрво, па постоела опасност да се запали и зградата. Благодарение на брзата реакција на службите, избегната била поголема трагедија, но стравот останал бидејќи, како што вели, некој знае каде живее и каде одат нејзините деца.
printskrin youtube – hype tv – mancic