Тиквичките имаат малку калории, а многу хранливи состојки. Одлични се за слабеење зошто го исполнуваат желудникот а со тоа создаваат ситост. Извор се на витамините Б и Ц, манган и калиум, додека жолтите тиквички содржат и бета каротин. Повеќето од овие состојки се наоѓаат во кората, па затоа немој да ги лупите младите плодови. Секојдневното консумирање тиквички го храни организмот со диетални влакна, кои го подобруваат варењето и ги чистат цревата од токсини. Со тоа ја намалуваат веројатноста од рак на цревата, го контролираат шеќерот и го намалуваат апетитот.
Составот на тиквичките го чува здравјето на крвниот систем и го смалува холестеролот. Благодарение на тоа, се намалува ризикот и од артериосклероза, срцев и мозочен удар. Истражувањата покажуваат дека фитонутриентите во тиквичките помагаат во намалување на симптомите на зголемена простата – болест што на мажите им го отежнува мокрењето и сексуалните односи.
Поради големиот удел на манган, тиквичката поволно делува на сите делови на телото. Го подобрува метаболизмот на протеините и јагленохидратите, го поттикнува либидото и ја забрзува синтезата на киселини и холестерол.
Манганот е клучен за производство на пролин, аминокиселина која поттикнува формирање колаген, а тоа ја прави кожата поздрава и раните побрзо зацелуваат.