Екс-учесникот на „Ѕвездите на Гранд“ се врати на сцената по тешката животна битка и со емотивна порака ги разнежни сите.
Пејачот Семир Крантиќ, поранешен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, неодамна ја преброди најголемата битка во својот живот. Тој беше подложен на операција на тумор, а по закрепнувањето повторно застана пред микрофонот и одржа настап кој за него значеше повеќе од било кој претходно.
По настапот, Крантиќ на социјалните мрежи сподели емотивна порака.
Во саботата ја имав првата тезга по операцијата… Тоа беше посебен момент за мене. Сè помина подобро од што можев да посакам – музика, луѓе, емоција,“ напиша пејачот, предизвикувајќи бројни реакции и поддршка од фановите.
Најмногу го трогнало тоа што едно дете целата ноќ не се одвоило од него.
Поврзани објави
Како да ја почувствува мојата енергија и беше постојано покрај мене. Такви моменти те потсетуваат дека вреди да се бориш и да одиш напред. Не се откажуваме, сега почнуваме уште посилно,“ искрено додаде Семир.
Тој ја извршил операцијата во јуни, а веќе во јули пристигнале позитивни резултати кои потврдиле дека опасноста е зад него.
Победив. Денес дознав дека сè е во ред! Туморот е зад мене,“ радосно објави тогаш, упатувајќи благодарност до сите кои му беа поддршка за време на тешките моменти.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda