Пејачката отворено зборува за предавствата, разочарувањата и животните лекции што ѝ ги донесе 2025 година
Пејачката Цеца Ражнатовиќ искрено проговори за тешките моменти што ги доживеала во изминатата 2025 година, признавајќи дека најмногу ја болеле предавствата од луѓе од кои не го очекувала тоа. Таа вели дека, и покрај бројните „удари во грб“, од секоја ситуација извлекла важна животна лекција.
Во разговор за медиумите, Цеца истакна дека со години учела на сопствените грешки, бидејќи никогаш не престанала да им верува на луѓето.
Во секое жито има кукол“, вели таа, додавајќи дека разочарувањата се дел од животот и доказ дека човек сè уште чувствува и живее.
Поврзани објави
Најтешко, според неа, е кога предавството доаѓа од луѓе со кои си бил емотивно поврзан. Коментарите од непознати луѓе, пак, ги доживува со доза хумор и рамнодушност, а за оние што ја преминуваат границата – правдата ја бара по судски пат.
И покрај сè, пејачката нагласува дека никогаш не си дозволила да се предаде, најмногу поради своите деца. Денес, како што вели, најважни ѝ се внатрешниот мир и слободата.
Ни кариера, ни пари немаат вредност ако немаш душевен мир. Слободата нема цена“, порача Цеца.
printskrin youtube – k1 tv – ceca