Ерика Кирк, вдовицата на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк, предизвика остри реакции на социјалните мрежи по објавувањето на божиќна порака во која ја истакна верската и семејната порака за мир и одмор, но истовремено држеше книга на својот покоен сопруг во рацете.
Во видеопораката објавена на Бадник, Ерика вниманието го фокусираше на семејството, верскиот одмор и повикот луѓето да најдат време за тишина и блиски.
Таа истакна дека токму таква порака би сакал да испрати и нејзиниот покоен сопруг, кој беше убиен во септември 2025 година.
@foxnewsHOLIDAY MESSAGE: Erika Kirk shares her — and what would have been Charlie’s — holiday season message: “Just rest…Love on your babies. Love on your family members. Life is short.” Find Charlie Kirk’s final work, ‘Stop, in the Name of God,’ at 45Books.com.
Меѓутоа, критиките на јавноста беа насочени кон деталот што таа во рацете држеше книга на Чарли Кирк, што некои корисници на социјалните мрежи го оценија како непримерено во контекст на празнична порака и како комерцијален потег кој ја искористува трагедијата за промоција на производ.
Некои критичари тоа го нарекоа „богохулење“, тврдејќи дека користењето на Христов празник и името на починатиот за потенцијално профитирање е нечувствителен и неискрен потег.
Додека дел од следбениците ѝ дадоа поддршка, други остро реагираа на видеото и на начинот на кој беше презентирано.
Фото: Тикток