Почетна ЕкономијаБројот на туристи се зголеми – biznisvesti.mk

Бројот на туристи се зголеми – biznisvesti.mk

од nenad
1 минути читај за

Во јануари 2023 година, во споредба со јануари 2022 година, вкупниот број на туристи се зголемил за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата се зголемил за 1,8 проценти, извести Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи се намалил за 9,8 отсто, а на странските туристи се зголемил за 32,9 проценти. Исто така, бројот на ноќевањата на домашните туристи се намалил за 10 отсто, додека на странските туристи се зголемил за 17 проценти. Во јануари 2023 година, вкупниот број на туристи беше 43 384, од кои 43,2 отсто биле домашни, а 56,8 проценти биле странски туристи. Бројот на ноќевањата беше 88 635, каде 50 отсто биле од домашните туристи, а 50 проценти од странските.