Почетна ЕкономијаБаро: ЕК подготвува построги санкции за Русија кон енергетскиот и финансискиот сектор, ако Москва не прифати примирје

Баро: ЕК подготвува построги санкции за Русија кон енергетскиот и финансискиот сектор, ако Москва не прифати примирје

од nenad
1 минути читај за

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, вчера изјави дека се работи на заострени мерки, кои ќе бидат надополнување на 17-тиот пакет санкции против Русија. Европската Унија има намера да го одобри овој пакет до следниот состанок на министрите за надворешни работи, закажан за 20 мај.

„Она што го подготвуваме се дополнителни санкции насочени кон енергетскиот и финансискиот сектор.“

Баро истакна дека овој викенд било побарано од Европската комисија да изготви нови, посериозни санкции, со цел да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да се насочи кон постигнување мир. „Овој викенд побаравме од Европската комисија да подготви нови, поважни санкции за да го принудиме рускиот претседател Владимир Путин да ја следи логиката на мирот“, рече Баро по телефонскиот разговор со европските колеги и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој додаде дека Франција ја поддржува идејата за средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин.

зш/фото ЕПА.