Table of Contents
Ако планирате да градите куќа или викендичка, прво прочитајте го советот на овој руски архитект
Доколку размислувате да си купите парче земја и сами да си изградите куќа за себе, ви предлагаме прво да го прочитате советот на архитектот Александар Бородин.
Неговиот пристап за градење е јасен: треба да се одбегнува градење куќа која потсетува на зграда, во која никој нема да живее, туку да се размислува паметно и да се гради во согласност со потребите.
„На вашите деца никогаш нема да им треба вашата куќа. Времињата сега, едноставно, се такви. Некогаш дизајниравме племенски ‘куќи’, стокатници за синовите, снаите и внуците. Денес, на децата не им требаат такви домови. Вашиот син нема да доведе снаа дома, нема да чека да умрете за да се ожени… Зошто тогаш да градите куќа 300 години, да трошите неверојатно многу пари, кога на наредните генерации тоа нема ни да им биде потребно?“
Наместо тоа, тој го предлага следново:
Совет број 1
Изградете едноставна куќа, без подруми и тавани – само основното. Според него, многу ќе заштедите ако изградите куќа со само две спални соби, кујна и бања.
Поврзани објави
„Правилно пресметајте ги своите ресурси и одберете таква куќа каква што ќе можете да направите за 10 до 15 години, без оптоварување.“
Совет број 2
Мудро организирајте го просторот.
„Ако веќе градите куќа, таа мора да биде по ваша мерка. На пример, кујнските прозорци нека ви гледаат кон улицата. Така, додека миете садови, ќе можете да видите кој доаѓа.
Просторот за скара треба да го организирате така што ќе можете да му се воодушевувате на зајдисонцето додека правите скара. Важно е вашата куќа да ви биде удобна вам.“
Совет број 3
Не ви требаат базен и гаража.
„Ако направите базен во дворот, тоа ќе изгледа вака: првите недели сите ќе се бањаат. По еден месец ќе се бањате еднаш во две недели, а по 3 или 4 месеци, никој веќе нема да се бања во базенот. Зошто? Нема да имате време за тоа. Потоа, базенот ќе го гледате само како обврска за чистење, а не како извор на уживање.
Истата ситуација е и со гаражата. Само 5 отсто од луѓето го оставаат автомобилот во гаража. Зошто? Поради мрзеливост. Гаражата со текот на времето се претвора во складиште и по неколку месеци во неа нема да има веќе место за автомобилот.
Затоа, послушајте го мојот совет и градете паметно, само она најосновното.“