Иако со децении е во брак со една од најголемите музички ѕвезди, таа свесно го избегнува медиумското внимание.
Пејачот Здравко Чолиќ со децении е во среќен брак со својата сопруга Александра, која многу ретко се појавува во јавноста. Таа води мирен и повлечен живот, далеку од светлата на рефлекторите што го следат нејзиниот сопруг.
Утрово, на семејната куќа на Чолиќ во белградската населба Дедиње била фрлена бомба. Во моментот на нападот, во вилата се наоѓале помладата ќерка Лара и сопругата Александра, а за среќа немало повредени.
Александра по професија е професорка по географија и важи за голема поддршка во кариерата на пејачот. И покрај тоа, таа речиси никогаш не присуствува на јавни настани, па нејзините фотографии се исклучително ретки и најчесто од постар датум.
Поврзани објави
Чолиќ и Александра долго време биле во врска пред спонтано да решат да стапат во брак. Како што самиот пејач има изјавено, тие се венчале на Први мај, без големи најави, водени од заемна почит, пријателство и стабилна љубов.
printskrin youtube – blic colic