Почетна ЕкономијаКавадарчанец починал, откако паднал од тераса на Клиниката за дигестивна хирургија

Кавадарчанец починал, откако паднал од тераса на Клиниката за дигестивна хирургија

од nenad
0 минути читај за

72 годишен кавадарчанец починал на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.

Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката.

За тоа како дошло до трагичниот настан не добивме официјлен одговор од страна на Клиниката за дигестивна хиругрија. Роднините велат дека ќе бараат одговорност за трагедијата. Телото е предадено на обудукција во судска медицина, каде треба да се потврди причината за смртта.