По повод роденденот на својот сопруг, Луна Џогани му се заблагодари за љубовта и поддршката и му посака најубави желби.
Поранешниот учесник во ријалити, Марко Миљковиќ, денес го слави својот роденден, а неговата сопруга Луна Џогани го изненади со емотивна порака на социјалните мрежи.
Луна не ја крие среќата што токму Марко е нејзин сопруг и по тој повод му се заблагодари за сè што прави за нивното семејство.
Среќен роденден на мојот сопруг. Да си ми жив, здрав, среќен и насмеан. Да знаеш дека не си сам, дека ме имаш мене и децата кои секогаш ќе те сакаат и ќе те следат низ животот“, напиша Џогани до фотографијата на која е во прегратките на Марко.
Поврзани објави
Потоа објави и фотографија со сопругот и децата додавајќи:
Ти си најомилен човек на светот.“
Емотивната порака на Луна предизвика бројни реакции и честитки од нејзините следбеници кои им посакаа уште многу заеднички среќни години.
printskrin youtube – sikter tv – luna dzogani