Почетна Убавина и здравјеЈелена Карлеуша со години сама ги издржува ќерките (ФОТО) – Убавина и здравје

Јелена Карлеуша со години сама ги издржува ќерките (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Популарната пејачка преку својот инстаграм-профил откри дека со години сама се грижи за ќерките Атина и Ника, кои ги доби во бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

По признанието на Карлеуша дека бившиот сопруг се судрил со еден фудбалер на познат београдски сплав поради извесна девојка, како и дека е склон кон жени со лесен морал, Душко Тошиќ на срамен начин ѝ се обрати јавно на Јелена. Преку социјалните мрежи, фудбалерот жестоко ја нападна мајката на неговите деца, Јелена Карлеуша, упатувајќи ѝ зборови што ниту една жена не заслужува да ги чуе

Карлеуша, не можам да те најдам, немам Фејсбук. Не е дојдено дотаму да морам да плаќам (фала му на Бога, засега). Како што ти им плаќаш на твоите момци за да бидат со тебе (овој ти е уште и најстар) – напиша Душко, алудирајќи на тоа дека Јелена ја потврдила врската со кошаркарот Никола Јовановиќ, кој е 16 години помлад од неа.

Сега првпат јавно се огласи Јелена Карлеуша и испрати силна порака до јавноста. Таа изрази благодарност до претседателот на Србија за воведувањето на законот за алиментационо право и откри дека со години сама се грижи за своите ќерки.

Благодарна сум им на српската влада и на претседателот на Србија за законот за алиментационо право. Како жена која сама ги израсна и издржуваше двете деца 16 години, со само повремена „милостија“ од нивниот татко од странство, а сега како самохрана мајка бидејќи вториот родител ја избегнува обврската за исплата на судски определената алиментација, овој закон претставува голема победа за сите мајки! Државата воспостави алиментационен фонд од кој ќе се исплаќаат алиментациите за децата, а потоа ќе се преземе наплата од неодговорните родители кои ја избегнуваат својата одговорност кон сопствените деца – напиша Јелена Карлеуша, додавајќи дека токму ваквите закони, меѓу другото, се причината зошто го поддржува претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Фото: Printscreen Instagram