Почетна ЕкономијаОрбан: Апсурдно е да бараат милион евра дневно за заштита на границите

Орбан: Апсурдно е да бараат милион евра дневно за заштита на границите

од nenad
1 минути читај за

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја осуди одлуката со која се бара неговата држава да плати милиони евра поради непочитување на европските прописи за азил.

„Бриселските бирократи бараат да плаќаме по милион евра секој ден за да ги браниме нашите граници и да ја заштитиме Европа од нелегална миграција. Тоа е апсурдно“, објави Орбан на X.

Според унгарскиот премиер, заштитата на унгарските граѓани е непроценлива и ниту една парична казна не може да се спореди со вистинската цена за дозволување на мигранти да влезат во државата.

„Европските елити кои ги наметнуваат овие казни мора да си одат“, додаде Орбан, повторувајќи го ставот дека политиката на Будимпешта е првенствено насочена кон одржување на безбедноста и суверенитетот на Унгарија.

Оваа изјава на Орбан доаѓа во момент кога Европската комисија го зголемува притисокот врз земјите членки кои не сакаат да ги усогласат своите миграциски политики со заедничките европски норми.

Да потсетиме, Европскиот суд минатата година ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради прекршување на европските закони за азил.

Освен глобалната казна од 200 милиони евра, пресудата предвидува Унгарија да плаќа дополнителен милион евра дневно додека не ја исполни одлуката.

Понатаму, доколку Будимпешта не ги плати казните, тие би можеле да бидат одземени од нејзиниот дел од буџетот на ЕУ. сд/фото: ЕПА.

Извор: МИА