Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес, на стартот од неговата официјална посета на Обединетото Кралство, накратко поразговара со медиумите за конфликтот во Украина и неговите намери за негово завршување.
На прашање од новинарка во врска со пратката на американските системи „Патриот“ за Украина и временската рамка за нивно пристигнување, американскиот претседател прво ја праша новинарката од каде потекнува, а по сознанието дека е од Украина, тој кратко изјави: „Ја сакам Украина, го сакам народот на Украина… Но, земјата е во сериозна неволја. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“
Трамп додаде дека лично спречил седум војни во изминатите осум месеци и рече: „Но, јас ќе ја спречам. Мислев дека ова ќе биде најлесно бидејќи го познавам Путин. Но, не е така, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе го спречиме тоа.“
Извор: МИА