Почетна Убавина и здравјеСоседите секогаш се жалат за истата работа! – Убавина и здравје

Соседите секогаш се жалат за истата работа! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многумина се изненадија од искуството на овој свингерски брачен пар, особено поради невообичаените правила до кои се придржуваат

И двајцата истакнуваат дека уживаат, но и дека соседите често се жалат поради бучавата од нивниот стан. Сопружниците се запознале во бар пред три години и набрзо започнале отворена врска, по што Џен добила идеја од нејзиниот пријател кој практикува односи со повеќе луѓе во исто време.

„Тоа ме наведе да разговарам со Марк за мојата фантазија за размена на партнери“, истакнала младата Британка.

Станале свингери кога присуствувале на првата свингерска забава летото 2021, а Џен признала дека била толку нервозна што добила јадеж по целото тело.

„Јас сум прилично сексуална личност, така што не бев нервозна сè додека не влегов низ вратата. Сепак, се согласивме да влеземе на 10 минути и веднаш да си одиме ако некому од нас не му се допадне.

Но сите беа толку кул, одлично си поминавме. Отидовме со идејата дека би можеле да имаме интимен однос таму пред сите тие луѓе, но на крајот од вечерта, го прашав Марк дали е во ред со тоа да поканам уште еден маж да си поигра со нас. Ми одговори потврдно, па имавме тројка“, раскажала таа.


Поврзани објави

Двојката веднаш сфатила дека свингерството е за нив и во рок од неколку недели, ги отвориле вратите од својот дом и за други парови.

„И понатаму одиме на забави, но ако таму сретнеме двојки со кои ќе се поврземе, ги каниме кај нас дома на групно дружење. Сега сме познати на таа сцена, па понекогаш ни се јавуваат парови кои се во потрага по прво искуство во свингерството. Прво, пиеме пијалак и испробуваме провокативна долна облека. Ако другиот пар е искусен, брзо се префрламе во спалната соба, но ако се нови, сè оди малку побавно“, вака Џен ги опишала средбите со друга двојка.

„Сè се случува во спалната соба, многу свингери ја користат целата куќа, но ние имаме куче, па не дозволуваме Х акции надвор од спалната соба. Имаме правило секогаш да сме вклучени и двајцата – никој од нас двајца не оди сам со друга двојка или самец. Можеби ќе ги замениме партнерите, но секогаш сме двајцата во собата. Други свингери имаат поинакви правила, но ова функционира за нас“, додала таа.

Девојката истакнала дека свингерите се опуштени и забавни и дека согласноста е важна во свингерската заедница, односно мора да се почитуваат туѓите граници.

„Секој свингер би излажал кога би кажал дека никогаш не бил љубоморен, но ние знаеме како да ја одржиме врската здрава. На пример, дури и ако со Марк сме се договарале да дојде некоја двојка кај нас, ако сме биле зафатени и не сме имале интимни односи еден со друг таа недела, ги откажуваме плановите и си се посветуваме еден на друг“, заклучила Џен.

ФОТО: Инстаграм