Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Зоран Димитровски учестува на панелот “South East Europe 6 as a Security Provider” во Тирана, заедно со Амбасадорот, Ивица Боцевски, присутни беа и министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу како и и специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорт.
Моменталната безбедносна и геополитичка ситуација треба итно и без одлагање да внесе нов, подинамичен момент во евроинтеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан. Во овој контекст, важно е да се нагласи проширувањето на ЕУ е најсилната гаранција за безбедноста на Европа. За #SSE6, интеграцијата мора да носи јасна перспектива за членство – без тоа, инфраструктурата, коридорите и проектите губат смисла. Проширувањето не е избор, туку стратешка нужност, истакнал Димитровски.
Post Views: 8