Почетна ЕкономијаАнкета: Голем број Германци земаат заеми за секојдневни трошоци

Анкета: Голем број Германци земаат заеми за секојдневни трошоци

од nenad
1 минути читај за

Според студија извршена на иницијатива на британската банка „Барклис“, многу Германци земаат заеми за да ги покријат нивните основни животни трошоци, објави ДПА.

Резултатите покажуваат дека повеќе од половина од возрасните лица под 50-годишна возраст се задолжиле во текот на изминатите две години. Најголем дел од нив се обратиле за помош до членови на нивното семејство (44 проценти), додека одреден број побарале финансиска поддршка од банки (40 проценти).

Учесниците во истражувањето истакнале дека покрај издатоците поврзани со возила (27 проценти), позајмувале пари и за секојдневни потреби како набавка на храна (26 проценти) и општи трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за облека (21,4 проценти). Околу 18 проценти од испитаниците позајмиле пари „за да се почестат“. Помладата популација почесто се одлучува за ваков чекор.

Над 60 проценти од анкетираните на возраст од 18 до 29 години изјавиле дека зеле заеми, а повеќе од една третина од нив навеле дека средствата биле наменети за покривање на основните трошоци. Во возрасната група од 30 до 39 години, 31,6 проценти од испитаниците посочиле дека примарната причина за задолжување е финансирање на нивните дневни потреби.

Приближно половина од оние кои земале заеми, позајмиле сума помала од илјада евра. Сепак, една четвртина од испитаниците изјавиле дека позајмиле износи од над илјада евра до 5.000 евра.

Во целина, речиси секој трет испитаник (31,9 проценти) очекува дека ќе има потреба од позајмување пари во наредните две години. Во истражувањето учествувале повеќе од 10 илјади возрасни лица од цела Германија, а истото било спроведено во текот на јули и август.