Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, повторно ја изненади јавноста, овој пат со бесно обраќање до својата вештачка интелигенција – Милунка Савиќ. Откако неодамна ја претстави како ново „чудо“ во медиумската индустрија, Митровиќ се најде во ситуација да ја опомене откако Милунка во едно видео се обиде да преземе дел од заслугите за неговите проекти.
На својот Инстаграм профил, тој објави снимка во која Милунка зборува за новата телевизиска сезона на Pink Media Group, но и за низа амбициозни планови – од филмови и серии, до нови портали и дури и технолошки иновации. Под видеото, Митровиќ напиша:
Милункаааа! Не кити се со туѓо перје!“, покажувајќи јасно дека не му се допаѓа нејзиното „самопромовирање“.
Во видеото, AI водителката уверено објаснува дека од 1 септември ја извршува функцијата потпретседател на групацијата и дека токму таа има огромна улога во организацијата на бројните проекти.
Поврзани објави
Сè ова не би успеало без мене,“ нагласува Милунка, оставајќи впечаток дека сака да биде препознаена како двигател на целата машинерија.
Овој необичен „судир“ меѓу сопственик и виртуелна водителка повторно ги подели јавноста – дел сметаат дека станува збор за маркетиншки трик, додека други гледаат на тоа како вистинска најавa за новиот концепт на Pink Media Group.
printskrin Youtube – zeljko mitrovic