Се сеќавате ли на возбудата пред крајот на летниот распуст, кога почнуваат подготовките за враќање на училиште? Нови тетратки, внимателно избран прибор и најважниот момент – заедничкото одење со родителите да се купат нови патики.
Денес, додека со своите деца ги повторувате истите ритуали, носталгијата добива нова димензија. За нив, враќањето во училишните клупи значи враќање на играта и новите авантури, а за вас – враќање на организацијата, обврските и потрагата по квалитетни работи што траат.
Меѓу нив, патиките имаат особено место. Додека малите ги избираат според боја, шарка и детали, вие се потпирате на удобноста, издржливоста и анатомскиот дизајн. Па како да се спои сето тоа во win-win ситуација? Едноставно – со Skechers!
Удобност што ослободува
Заборавете на врзување пертли во последен момент. Skechers Slip-ins® моделите со иновативна технологија им овозможуваат на децата едноставно да „влезат“ во патиките и да бидат подготвени за тргнување за миг. А вие можете да здивнете – еден стрес помалку во забрзаните утрински часови.
Мода по мерка на децата
О, да – Skechers одлично ги разбира детските модни критериуми. Затоа нуди широка палета најразновидни модели – од светлечки и со сјајчиња, преку оние со мотиви од омилените цртани херои, до тренди, едноставни модели што се вклопуваат со секоја облека.
Поврзани објави
Издржливост за секој ден
И родителите и децата апсолутно се согласуваат во едно – многу е важно обувките да можат да го следат неуморниот детски ритам. Skechers моделите имаат меки влошки кои се обликуваат според стапалото, лесни материјали и флексибилни ѓонови што даваат поддршка без чувство на тежина – идеално за оние денови што траат подолго од планираното.
Back to school не е само враќање на училишните обврски – тоа е можност децата да го изразат својот карактер преку стилот, а вие да изберете обувки што се истовремено удобни и практични. Со патики што го следат детското темпо – како Skechers моделите – чекорот низ училишното секојдневие станува полесен, поудобен и многу позабавен.
Skechers патики за деца
Претходно
1 од 20
Следно
Текст: ПР
Фото: Skechers