Почетна Убавина и здравјеГо ставила сопругот во долгови до гуша и детално го испланирала разводот! – Убавина и здравје

Го ставила сопругот во долгови до гуша и детално го испланирала разводот! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Според тврдењата на извори блиски на парот, Бјанка Цензори смислила план за развод од Канје Вест

Раперот Канје Вест, наводно, поминува низ сериозни финансиски проблеми, додека неговата сопруга Бјанка Цензори успева нивните необични јавни настапи да ги претвори во личен извор на заработка и вистинско мало богатство. Како што пренесуваат медиумите, Цензори е богато платена за учеството во ексцентричните перформанси кои станаа заштитен знак на нивната врска.

Според анонимни извори, Вест плаќа околу 250.000 долари по настап, вклучувајќи и исцениран бакнеж што го споделиле на една забава во Јужна Кореја, непосредно пред неговиот концерт.

„Да ја натера да ги прави тие претерани работи и притоа да ѝ дава купишта пари – за Канје Вест тоа е ултимативниот чин на финансиска доминација. Тоа го возбудува, а таа заработува сериозни пари на неговиот фетиш“, изјавил изворот.

Бјанка гради финансиска независност

Иако многумина мислат дека се расфрла со пари, Цензори, наводно, внимателно штеди, свесна дека еден ден тоа би можело да биде клучно за нејзиниот опстанок.

„Таа е многу пресметана и сето тоа го крие на сигурно. Се зборува дека сега има речиси 10 милиони долари, можеби и повеќе. Кога сето ова ќе заврши, ќе има сигурна мрежа, за која смета дека ја заслужила откако ги толерирала неговите глупости“, тврди истиот извор, објаснувајќи дека Бјанка сегашната ситуација не ја гледа само како можност за јавна видливост, туку и како отскочна штица за сопствена кариера.

Вест во финансиски хаос


Поврзани објави

За разлика од нејзините, финансиите на Вест се сè полоши. Тој има забранет влез во повеќе земји поради контроверзните изјави, што значително му ги намалило приходите од настапи. Покрај тоа, му пропаднале бројни договори и инвестиции во недвижнини, додека неговиот луксузен начин на живот останува непроменет.

„Проблемот на Канје е тоа што му снемува готовина. Тоа ќе заврши со катастрофа“, тврди изворот.

Вест неодамна го ставил на продажба својот стан во Калабасас, што го добил со разводот од поранешната сопруга, ѕвездата Ким Кардашијан, во 2022 година, и тоа за помалку од три милиони долари. Меѓутоа, според некои извори, тој износ е вистинска ситница во споредба со долговите што ги има.

Неговите неподмирени даноци и казни поврзани со имотот, би можеле да се мерат во милиони.

Единствената победничка

Додека Канје се обидува да го спаси она што останало од неговото богатство, Бјанка Цензори гради сопствена финансиска независност.

„Единствената што ќе излезе како вистински победник од сето ова е Бјанка“, заклучува изворот.