Токму кога ќе помислиме дека знаеме сè за Анџелина Џоли, се дознава некоја нова информација што шокира
Хју Хефнер пред смртта признал дека му останала неисполнета големата желба Анџелина Џоли да биде на насловната страница на „Плејбој“, и дека му е жал што не успеал да ја исполни. Но Брајан Хоровиц, поранешниот батлер на Хефнер во контроверзната Плејбој вила открил дека актерката му била гостинка. И не само тоа, туку од него побарала нешто што го изненадило.
Имено, Хоровац минатата година гостувал во поткастот на Холи Медисон и Бриџит Марквард и во таа пригода открил многу тајни.
Поврзани објави
„На една од првите забави, пред да почнат девојките да доаѓаат, дојде и Анџелина Џоли, во тој период беше релативно непозната актерка. Тоа беше по филмот ‘Џиа’, мислам. Не можам да се сетам на името на филмот, но тоа беше пред да стане популарна – пред Бред Пит и слично“, се присетил Хоровиц.
А потоа признал дека барањето на Анџелина го оставило без текст.
„Таа вечер ги чистев тоалетите, ги чистев кантите за ѓубре и менував кеси. Помина полноќ, а пред еден тоалет имаше една девојка и уште куп други луѓе. Тропнав на вратата да ги прашам дали треба да ја испразнам кантата, а девојката, која тогаш не ја препознав, кажа: ‘Не, но треба да ме удриш по задникот’. Тоа се случи првите години откако почнав да работам и не го направив тоа. Никогаш не ми било пријатно да удрам некого. Ја одбив, но тоа беше најчудното нешто што некогаш ми се случило. Да не бев јас таму , ќе беше некој друг. Едноставно, случајно се најдов таму токму во тој момент“, заклучил батлерот.