Почетна Убавина и здравјеОваа здрава чоколадна торта со портокали ќе ве освои на прво залаче – Убавина и здравје

Оваа здрава чоколадна торта со портокали ќе ве освои на прво залаче – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Слободно побарајте парче плус, не кажуваме никому!

Фантазија од вкусови! Оваа вкусна и здрава торта ќе ве освои на прво залаче.

„Ароматичната кора и сокот од портокал им даваат посебна свежина на интензивното темно чоколадо и крцкавите лешници, додека румот и ванилата даваат топла, пријатна нота. Едноставно, совршена“, вели Марија Кочовска, авторката на овој вкусен десерт, а нејзините рецепти можете да ги најдете на инстаграм-профилот @kocovska.marija и на sezahrana.mk.

Состојки:
  • 2 лажици мед
  • 200 г потпечени мелени лешници
  • 200 г мелени овесни снегулки
  • 2 лажички екстракт од рум
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 лажички путер од лешници
  • кора од 2 портокали
  • свеж цеден сок од 2 портокали
  • 300 г темно чоколадо
Приготвување:


Поврзани објави

1. На крупната страна од рендето изрендајте 200 г чоколадо.

2. Кората од портокалот изрендајте ја на ситната страна од рендето. Потоа, исцедете го портокалот.

3. Ставете го медот да се загрее во сад на оган. Потоа, тргнете го садот од огнот.

4. Во длабока чинија ставете ги овесните снегулки, чоколадото, кората од портокалите и лешниците. Измешајте со лажица. Во садот додајте ги сокот од портокалот, екстрактите од рум и ванила, медот и путерот од лешници. Измешајте убаво.

5. Од смесата формирајте торта во калап бр. 16. Оставате ја тортата да се стегне за време од 1 час.

6. Преостанатото чоколадо растопете го на пареа. Тортата прелијте ја со растопеното чоколадо. По желба, декорирајте со парчиња портокал. На здравје!

ФОТО: Марија Кочовска