Table of Contents
Според психолозите, луѓето кои имале тешко детство покажуваат 6 заеднички особини
Кога детето расте во хаотично или емоционално нестабилно опкружување, последиците не завршуваат со самото детство. Таквите услови оставаат невидливи, но длабоки траги, кои подоцна се огледуваат во начинот на размислување, однесувањето и односите со луѓето. Експертите истакнуваат дека навиките усвоени во тие рани години можат да ги обликуваат чувствата, довербата во другите и способноста за градење стабилни врски во возрасната доба.
Еве неколку особини и форми на однесување што често се развиваат кај оние кои пораснале во емоционално нестабилни семејства:
Чувство на несигурност во светот
Луѓето кои имале тешко детство честопати го набљудуваат светот со доза на страв и сомнеж. Тоа може да доведе до недоверба во другите, дури и до чувство на параноја или безнадежност. Истражувањата покажуваат дека ваквите искуства силно влијаат врз тоа колку човекот се чувствува безбедно и до која мера е способен да им верува на луѓето околу себе.
Повеќе доверба во пријателите отколку во семејството
Ако домот бил место за критики, навреди и постојано истакнување на недостатоците, тоа значи дека личноста веројатно не добила потврда за сопствената вредност од најблиските. Затоа, подоцна вложува многу повеќе енергија во пријателствата, односите со наставниците, колегите или менторите – бидејќи токму од нив добива поддршка и признание што во семејството изостанувало.
Поврзани објави
Толерирање неприфатливо однесување
Кога детето расте опкружено со викање, караници и емоционални испади, таквата атмосфера му станува нормална. Подоцна во животот, несвесно прифаќа и толерира слични однесувања, дури и кога не му одговараат, бидејќи верува дека не заслужува подобро. Наместо да се соочи со проблемот, останува во маѓепсан круг на токсични односи.
Повлекување кога настануваат проблеми
Многумина развиваат механизам на повлекување и емоционално дистанцирање кога ситуацијата станува претешка. Тоа им отежнува да се отворат, да го покажат своето вистинско јас и да изградат подлабоки односи. Наместо да бараат блискост, веруваат дека мораат да ја заслужат љубовта, па честопати се чувствуваат исцрпено и осамено.
Желба за љубов, но тешко прифаќање на истата таа
Децата на родителите кои не покажувале топлина и љубов, честопати растат со чувството дека не се доволно вредни. Иако знаат дека родителите ги сакаат на некој начин, никогаш не го доживуваат тоа чувство до крај. Како последица, во возрасната доба се појавува внатрешен глад за љубов, проследен со тешкотии во себеприфаќањето. Научните истражувања потврдуваат дека таквиот начин на размислување може долгорочно да го наруши менталното здравје.
Растењето во емоционално нестабилно опкружување не поминува без последици. Сепак, препознавањето на овие особини е првиот чекор кон промената. Свесноста за тоа што нè обликувало може да ни помогне свесно да одбереме друг пат и да градиме поздрави односи – како со себе, така и со другите.