Засега, нема официјални информации за причините на несреќата, но според првите информации, во моментот на судирот имало песочна бура на автопатот, што може значително да ја намали видливоста. Повеќе од 40 камиони и автомобили денеска се судрија на километар 26 од автопат М1, на излезот од Будимпешта, најверојатно поради песочна бура. Веднаш по судирот, избувнал пожар. Според првичните податоци, во несреќата изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои едното се здобило со повреди опасни по живот,13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Автопатот е затворен во двата правци. На местото на настанот се испратени бројни сили на пожарникари, полиција и брза помош. Од полицијата информираа дека несреќата се случила околу 14.25 часот, а во неа учествувале 5 камиони и 37 автомобили. Поради големиот број на повредените, тие ќе бидат транспортирани во неколку болници, со помош на спасувачки хеликоптери, за да можат брзо да бидат сместени во подалечни болници. Истрагата за повредените е во тек.
(Видео) СТРАШЕН ВЕРИЖЕН СУДИР КАЈ БУДИМПЕШТА: Повредени се 36 лица, а изгореа дури 19 возила!
81