Ранко Р.(55) беше убиен пред два дена околу 11 часот на бензинска пумпа во Белград. Његовото име се споменуваше во јавноста како сопственик на блиндиран автомобил кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на српскиот криминалец Вељко Беливук.
Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека полицијата го уапсила С.З. (28) и Љ.В. (26) поради сомнение дека го сториле делото тешко убиство.
На осомничените ќе им биде одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Поради експресната реакција на полицијата, двајцата осомничени и малолетничката која се товари за соучесништво во делото, се наоѓаат зад решетки. Таа беше исто така уапсена во станот во Нов Белград.
МУП објави видео од денешната полициска акција, на која може да се види апсењето и пронаоѓањето на дрога, вага за прецизно мерење, како и оружје и муниција во станот.
Во моментот на убиството, Ранко Радошевиќ, кој наводно бил висок член на криминалната група од Никшиќ и близок до шкалјарскиот клан и неговиот водач Јован Вукотиќ, кој беше ликвидиран во септември минатата година во Истанбул, дошол во Белград за да се сретне со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ..
