Почетна Убавина и здравјеЦелото село се плаши од него, бидејќи сите се сомневаат во едно нешто! – Убавина и здравје

Целото село се плаши од него, бидејќи сите се сомневаат во едно нешто! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Искуството на човекот кој шестпати умрел и се вратил во живот најмногу ги плаши неговите соседи

Исмаил Азизи (40) тврди дека доживеал нешто што апсолутно ѝ пркоси на медицинската наука – умрел шестпати, но секој пат се враќал во живот.

Бизарната приказна на овој жител на Танзанија е претставена во документарен филм на Јутјуб, во којшто тој открива дека животот му е комплетно уништен.

Првата „несреќа“ на работа

Како што открил Азизи, сè започнало по несреќата на работа во која бил тешко повреден. Лекарите, наводно, прогласиле смрт, телото било префрлено во мртовечница, а семејството почнало да се подготвува за погреб.

Меѓутоа, тој одненадеж си ја повратил свеста и едноставно станал. Оние што го виделе, исплашено побегнале мислејќи дека е дух.

Неговата „втора смрт“, наводно, се случила откако се разболел од маларија. Тогаш бил ставен во ковчег, но се разбудил и сфатил дека е жив, што го шокирало семејството.

 

„Мислат дека сум дух“

Азизи потоа опишал и сообраќајна несреќа по која бил во кома, како и дека бил каснат од отровна змија, по што бил прогласен за мртов и три дена поминал во мртовечница пред да се разбуди повторно.

„Луѓето почнаа да се сомневаат во мене. Мислеа дека сум опасен дух или вештер“, открил тој.

Петтиот пат, како што тврди, преживеал пад во јама, а шестиот пат, мештаните се обиделе да го запалат жив во неговата куќа. Тој открил дека починал од гушење, но подоцна оживеал во мртовечницата.

На неговата кожа видливи се лузни од изгореници.

Живее во комплетна изолација


Поврзани објави

Азизи тврди дека животот по сето ова му станал неподнослив.

„Луѓето мислат дека сум моќен вештер. По секое враќање меѓу живите, се чувствував чудно“, открил тој.

Додал и дека многумина се плашат од него, бегаат кога ќе го видат и мислат дека е дух. Открил дека живее комплетно сам, без семејство, сопруга или деца.

„Животот ми стана многу тежок. Луѓето не ме прифаќаат“, открил Азизи.

Што велат соседите?

Во документарецот се појавуваат и мештаните од неговото село, кои потврдуваат дека се плашат од него.

„Неговите искуства се толку застрашувачки и ги имам видено со сопствени очи. Кога некој за којшто знаеш дека е мртов повторно ќе стане, тоа е ужасно. Секогаш кога ќе го видиме, бегаме, бидејќи не веруваме дека е човек“, рекол еден од нив.

Азизи се сеќава и на моментот кога се разбудил во мртовечницата.

„Се разбудив и беше ладно. За среќа, мртовечницата не беше од затворен тип, туку само простор каде што телата лежат. Кога станав, не бев потполно свесен, но видов дека луѓето се шокирани“, објаснил тој.

Во продолжение погледнете ја целата негова необична приказна…

ФОТО: Јутјуб