Почетна ЕкономијаПаркинг со 120 места ќе го олесни пристапот до Музејот на Македонија и Старата скопска чаршија, најавија Меџити и Љутков

Паркинг со 120 места ќе го олесни пристапот до Музејот на Македонија и Старата скопска чаршија, најавија Меџити и Љутков

од nenad
1 минути читај за

За десет дена, корисниците и персоналот на Музејот на Македонија и Националниот конзерваторски центар, како и занаетчиите од Старата скопска чаршија, ќе добијат паркинг зона за 120 автомобили.

Ова денес го објавија првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за култура и туризам Зоран Љутков при нивната обиколка на Националниот Музеј во Старата чаршија.

“Започнуваме еден многу значен проект за понатамошен развој на чаршијата. Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг кој има капацитет за околу 60 возила и се наоѓа тука под Конзерваторскиот центар и Музејот на Македонија. Дополнително ќе се исчисти и уреди отворениот простор за паркирање со капацитет за уште 60 возила. Во рокот од 10 дена паркингот ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот на чаршијата и вработените во двете институции. Со овој денешен чекор целиме да ја оживееме чаршијата, да го подобриме пристапот и да привлечеме повеќе туристи и посетители”, истакна Меџити.

Заменик-премиерот информираше дека во тек е процес за избор на компанија за градење на подземен паркинг во близина на плоштадот „Скендербег“, кој обезбедува простор за 400 возила, за што Владата донесе одлука за одобрување на средства во износ од 25 милиони евра.

Според министерот Љутков, неопходноста од паркинг простор во овој дел од градот е оправдана, имајќи го предвид зголемениот број на туристи. “Во текот на годината, видовме дека бројот на туристи е на вистина многу зголемен. Реално се појавува потребата за поголен број на паркинг места. Како што каже и вицепремиерот, овој дел од Чаршијата, заедно со Музеј на Македонија, заедно со Националниот консерваторски центар и калетот, ќе заокружиме една приказна која ќе биде многу важна за туристите на градот Скопје”, нагласи Љутков.