Почетна Убавина и здравјеНема ниту една естетска корекција – која е тајната на нејзината младоликост? – Убавина и здравје

Нема ниту една естетска корекција – која е тајната на нејзината младоликост? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мерил Стрип и на 76 години изгледа младолико и негувано

Мерил Стрип, една од најголемите актерки на сите времиња, веќе чекори во осмата деценија од животот, но и понатаму освојува со својот шарм, елеганција и виталност. На повеќе од 76 години, добитничката на бројни Оскари и Златни глобуси, изгледа исклучително негувано и витално, па многумина со право сакаат да знаат – која е тајната на нејзиниот младешки изглед?

При примањето на почесниот докторат на Универзитетот Индијана, ги советувала младите што сакаат да бидат дел од филмската индустрија да не се грижат премногу за својата тежина, особено жените.

„Девојките трошат премногу време на тоа, а има и подобри работи. Она што ве прави поинакви или чудни е вашата сила. Некогаш си го мразев носот, но сега веќе не“, рекла актерката.

Природна нега и умереност

Мери никогаш не била поборник за естетски корекции. Нејзината филозофија за убавината се заснова на природната нега на кожата, хидратацијата и здравите навики. Редовно користи кремови со висок заштитен фактор и го негува лицето со едноставна, но доследна рутина.

Урамнотежена исхрана

Актерката внимава на исхраната и не верува во ригорозни диети. Нејзините оброци се базираат на свеж зеленчук, овошје, риба, интегрални житарки и јаткасти плодови. Минимално користи преработени производи и ретко јаде црвено месо. Верува дека токму умереноста и балансот придонесуваат за нејзината вита става.


Поврзани објави

Активен начин на живот

Стрип отсекогаш била физички активна, но никогаш опсесивно. Претпочита долги прошетки, лесни вежби, јога и пливање. Така ги одржува кондицијата, еластичноста на мускулите и доброто расположение, без претерано да го оптоварува организмот.

Позитивна енергија и хумор

Она што особено ја прави младолика е нејзиниот став кон животот. Мерил е позната по смислата за хумор, ведрината и способноста да го сочува внатрешниот мир. Самата често вели дека среќата и насмевката се најдобриот еликсир на младоста.

Прифаќање на годините

За разлика од многу холивудски колешки, Мерил никогаш не ги криела своите години. Таа гордо си ги носи, покажувајќи дека достоинственото стареење може да биде еднакво убаво и инспиративно како и младоста. Токму тоа му дава посебна харизма на нејзиниот изглед.

Тајната на младоликоста на Мерил Стрип не е во магичните третмани, туку во едноставните, но доследни навики – здрава исхрана, редовно движење, природна нега и ведар дух. Токму затоа, и на 75 години изгледа фантастично, а нејзината виталност и шармот и понатаму ги инспирираат жените ширум светот.

ФОТО: Инстаграм