Кремљ информираше дека рускиот лидер Владимир Путин остварил телефонска комуникација со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според соопштението од Кремљ, политичарите, меѓу останатото, дискутирале за руско-американскиот самит кој се одржа во Алјаска на 15 август.
Путин, во разговорот со Ердоган, даде коментар за средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, и во таа насока, претседателите на Русија и Турција разговараа за разрешување на украинскиот судир.
Шефот на руската држава му изрази благодарност на својот соговорник за неговото посредување во преговорите меѓу Москва и Киев во Истанбул, се наведува во соопштението од Кремљ.
Освен тоа, политичарите дебатираа за тековните прашања на билатералната агенда, како на пример, унапредувањето на соработката во сферата на трговијата и инвестициите.
“Беше договорено да се продолжат личните контакти”, се вели на официјалната веб-страница на Кремљ.
Турското претседателство изјави дека Ердоган му рекол на Путин за време на денешниот телефонски разговор дека Турција ги поддржува напорите за воспоставување на долготраен мир во Украина со вклучување на сите страни.
Во изјавата се вели дека Ердоган му пренел на Путин дека внимателно го следи развојот на настаните поврзани со тој процес и дека Турција се залага за праведен мир од самиот почеток на војната.
мс/фото: МИА архива .
Извор: МИА