Почетна ЕкономијаВозач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

од nenad
1 минути читај за

Фото: илустрација

05/03/2025
ЛОКАЛНО


Во СВР Скопје денеска е пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, возило „мицубиши аутлендер“ управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.