Почетна Убавина и здравјеТигарот Амур и козата Тимур се доказ дека пријателството не познава граници! – Убавина и здравје

Тигарот Амур и козата Тимур се доказ дека пријателството не познава граници! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Наместо да ја изеде, стекнал пријател за цел живот

Сибирски тигар од руска зоолошка градина се спријателил со козата што му била донесена за вечера. Ова необично пријателство започнало во ноември 2015 година козата Тимур била пуштена во сафари-паркот на тигарот Амур, со цел да ѝ послужи како оброк на големата мачка.

Меѓутоа, предаторот и пленот се спријателиле откако бестрашната коза му се спротивставила на Амур и му го презела местото за спиење. Оттогаш па натаму, двете животни ги поминувале деновите заедно, шетајќи се низ живеалиштето и играјќи се со топка.

„Ситуацијата е многу чудна. Три години го храниме Амур со кози, зајаци, петли и овци. Амур никогаш не одбил плен претходно. Имаше само еден случај кога козата што му беше послужена на Амур ја преживеа ноќта, но тигарот ја изеде следното утро“, изјавил Дмитри Мезенцев, генералниот директор на зоолошката.

Оваа ситуација привлекла илјадници луѓе во зоолошката градина, чија бројка достигнала околу 3.000 посетители за новогодишните празници.


Поврзани објави

„Никогаш не сме имале толку посетители. Викендот пред Нова година, сите одлучија да дојдат и да ги видат Тимур и Амур. Ги замоливме работниците да го одложат одморот и да се вратат на работа. Се мислиме дури и да викнеме полиција за да се зачува редот и мирот“, рекол Мезенцев.

Пријателството не познава граници, а тоа што се случило во руската зоолошка градина само го докажува тоа. Погледнете како изгледале нивните дружби…

ФОТО: Јутјуб, Amien Taryamin / Unsplash