Без разлика дали сте фокусирани на градење мускули или губење тежина, протеинските шејкови можат да помогнат да ја надополните вашата исхрана и да ја постигнете својата цел.
Внесот на протеини варира во зависност од вашите цели. Препорачаната дневна доза е 0,8 -1 грам протеин на килограм телесна тежина. Ако сакате да изградите мускулна маса, можеби ќе треба да ја зголемите таа сума соодветно за вашите потреби.
Иако најпрепорачлив начин за внес на протеин е преку исхраната, сепак протеинот како суплемент може значително да придонесе во исполнување на потребната дневна доза.
Која и да е вашата цел, намалување телесна тежина, зголемување мускулна маса или одржување на постојаната форма, идеално е да го консумирате вашиот протеински шејк во рок од еден час по вежбањето.
Кога телото е во катаболична состојба, ја уништува и троши вкупната маса, мускули и маснотии. Вашето тело ќе биде во оваа состојба додека вежбате .
Поврзани објави
По тренинг, телото е во анаболна состојба, односно се обновува и гради. Вашето тело поефективно го искористува протеинот во изградбата на тој мускул во овој период на одмор.
Клучно е да внесувате доволно протеини после вежбање за да ви помогнат да ги поправите вашите мускули, кои се истрошени. Затоа се препорачува внес на протеин по тренинг, кога телото одмара а мускулот е во фаза на раст.
Придобивката од протеинскиот шејк е тоа што е потребно подолго време да се вари, со што подолго време ќе се чувствувате сити.
Фото: Freepik