Почетна Убавина и здравјеЛепа Брена ја крена ногата до глава – публиката во транс! (ФОТО) – Убавина и здравје

Лепа Брена ја крена ногата до глава – публиката во транс! (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



И покрај повредите, балканската дива блескаше на сцената во Охрид со својата препознатлива енергија.

Познатата пејачка Лепа Брена уште еднаш покажа зошто со децении е неприкосновена ѕвезда на Балканот. На концертот во Охрид, таа ја воодушеви публиката со својата енергија, храброст и легендарното сценско движење – кревање на ногата високо во воздух.

И покрај серијата повреди и падови кои ги имала низ кариерата, меѓу кои и последната сериозна повреда минатата година кога ѝ беше скршена нога по несреќа на сцена, Брена не се откажува. На сцената таа танцуваше и скокаше како на почетокот од кариерата.

Најголемиот аплауз се случи за време на хитот „Миле воли диско“, кога Лепа Брена ја крена ногата речиси до главата. Снимката од овој момент веднаш се прошири на социјалните мрежи, проследена со коментари полни воодушевување.


Поврзани објави

Printscreen/Instagram/lepabrenaa

Со оваа изведба, Брена уште еднаш докажа дека сцената е нејзиниот втор дом и дека ниту повредите, ниту времето не можат да ја сопрат.

printskrin Youtube-Lepa Brena