Пејачката Емина Јаховиќ открива дека секоја вечер ги успива своите веќе синови – тинејџери, Јаман и Јавуз.
Пејачката Емина Јаховиќ ја изненади јавноста со искрено признание дека и покрај тоа што нејзините синови имаат 13 и 17 години, таа и понатаму ги успива секоја вечер. Во гостување во емисија, Емина откри интимна семејна навика која предизвика лавина коментари.
Јас децата сè уште ги успивам. Иако се големи, јас им зборувам пред спиење, не баш бајки, туку за разни теми. Тоа е мојот момент на инспирација, се радувам на тоа како да одам на журка“ – изјави Емина.
Поврзани објави
Синовите Јаман и Јавуз, кои ги доби во бракот со пејачот Мустафа Сандал, се во тинејџерски години, но таа вели дека токму тие моменти ѝ носат најмногу радост и блискост со нив.
Откритието предизвика поделени мислења на социјалните мрежи – додека едни ја фалат како посветена мајка, други сметаат дека ваквиот пристап е претеран и дека нејзините синови се веќе доволно возрасни да не бараат вечерна рутина како мали деца.
Фото: Printscreen Instagram @yaemina